Пари Сен Жермен во средата доживеа шокантен пораз од Манчестер Јунајтед и така се соочи со уште една рана елиминација од Лигата на шампионите која веќе неколку години е нивна главна цел.

Овој пораз на ПСЖ беше изненадување за фудбалскиот свет, посебно ако се знае дека Солскјер пред овој натпревар имаше големи проблеми и не можеше да смета на десетмина фудбалери.

Изненаден од поразот на Пари Сен Жермен беше и Карло Анчелоти кој го предводеше францускиот клуб од 2011 до 2013 година. Анчелоти со ПСЖ во сезоната 2012/2013 ја освои и титулата во домашното првенство.

„Црвените ѓаволи“ во Париз го победија ПСЖ со 1:3, а одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Маркус Рашфорд од пенал во судиското продолжение. Судијата Скомина после прегледувањето на ВАР снимката играњето на Кимпембе во шеснаесетникот го процени како доволно за најсторга казна.

Во јавноста после поразот на ПСЖ се огласи и Анчелоти:

„Тоа беше навистина неверојатно. Доколку јас бев тренер на ПСЖ не знам што би направил во тој момент. Веројатно ќе го најдев најблискиот мост и ќе скокнев откако Манчестер Јунајтед Јунајтед постигна трет гол“, изјави Анчелоти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде