„Телеграф“ пишува дека по поразот од Челси, Хари Кејн се изнервирал и очигледно помислил дека Тотнем нема да биде никогаш доволно добар за да ја освои титулата.

И не само тоа, по многу добри настапи и пофалби во последните години, факт е дека Тотнем ништо нема освоено, па нема трофеј повеќе од една деценија.

Тренерот Маурицио Покетино е разочаран, најпрво поради фактот дека навивачите бараат трофеи, а со моменталниот буџет не може да се тркаат.

„Ако Леви ми каже дека морам да освојам трофеј, можеби би побарал некој со магично стапче“, вели Аргентинецот.Покетино го продолжи договорот, но го посакува Реал Мадрид, па доколку нема инвестиции, тогаш Аргентинецот, како и Кејн би можеле да се преселат во Шпанија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде