Девојка на возраст од 17 години е убиена во германскиот град Санкт Аугустин. Полицијата уапсила деветнаесетгодишник со двојно германско и кениско државјанство, кој го признал убиството на девојката.

Исчезнувањето на девојката го пријавиле нејзините родители во петокот во близина на Ункел. Ќерката им рекла дека оди да се најде со пријателка во Бон. Сепак, таа отишла во блиското засолниште за бездомници и азиланти, каде што живеел Германецот со кениско потекло, пренесе „Дојче веле“.

Германскиот весник „Билд“ го објави и името на убиецот – Бриан С., кој е роден во Кенија и дошол во Германија како двегодишно дете, а жртвата е Елма Ц., чие потекло не се споменува.

Полицијата започнала потрага по исчезнатата девојка во која учествувале кучиња, хеликоптери и нуркачи, за на крајот нејзината облека и чантата да бидат пронајдени на брегот на езерото во близина на центарот за азил. Набрзо е приведен и осомничениот, кој по испрашувањето им признал на инспекторите дека ја убил девојката, а нејзиното тело го оставил во својот мал стан.

Полицијата го пронашла телото на девојката во неделата навечер.

Јавното обвинителство утврди дека убиецот и жртвата се сретнале во бар во Бон пред повеќе од една недела. Убиецот го откриле благодарение на неговите објави на социјалните мрежи, кои вклучувале и нивни заеднички фотографии. Убиецот тврди дека со девојката отишле во неговиот стан, каде што се скарале, по што тој ја нападнал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде