Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, дал наредба do клупската управа да бара нов голман, затоа што не сака да го гледа повеќе Кепа Аризабалага како дел од тимот. Според информацијата на шпанскиот „Ел Конфиденциал“, конфликтот и скандалот кој се случи меѓу Кепа и Маурицио Сари фрли огромна дамка врз реномето на англискиот гигант.

Кепа одби да биде заменет во финалето за Лига Купот на Англија против Манчестер Сити, а по натпреварот Сари го критикуваше за однесувањерто. Кепа беше изваден од првиот состав за еден меч и доби парична казна, но Абрамович нема да се задоволи со тоа.

Информациите на шпанското издание е прилично шпекулативни, бидејќи 24-годишниот Кепа премина во Челзи од Атлетик Билбао минатото лето за рекордни 80 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде