Одлуката на менаџерот на Челси, Маурицио Сари, да го вметне Вили Кабалјеро на местото на Кепа Аризабалага во стартниот состав против Тотенхем не е изненадување, а доаѓа како очекувана реакција на Италијанецот по контроверзниот потег на шпанскиот голман направен во неделата.

Кабалјеро одлично си ја заврши работата и не прими гол на лондонското дерби, а по мечот им откри на медиумите како реагирал помладиот Кепа кој го следеше дуелот од клупата за резервни фудбалери.

– Добрата вест е што тој не се грижи премногу за ситуацијата. Бевме подготвени, а Кепа беше фантастичен денеска со поддршката која ми ја даде.

– Тој учи, ние учиме и му благодарам што ме поддржуваше, – изјавил Кабалјеро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде