Жозе Мурињо ја коментираше реакцијата на Кепа Аризабалага во вчерашниот натпревар со Манчестер сити. Голманот на Челси, оди да биде заменет во финишот на финалето во Карабао купот.

„Сакаше да покаже карактер, самодоверба. Сакаѓе да биде херој во пенал-серијата. Ми се допадна неговиот став“, рекол Мурињо.

Сепак, Португалецот, не заборавил да ја коментира и другата „страна на медалот“.

„Го стави својот тренер во тешка положба, а не беше фер ниту кон соиграчот кој тргна да влегува во игра. За двајцата тоа е несреќна ситуација. Од друга страна не можам да го поздравам неговиот потег. За среќа, таков случај не сум имал во кариерата“, рекол поранешниот тренер на Челси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде