Станува збор за девојчето кое е помеѓу четирите деца кои ги фрли од прозор таткото Јосип Роџак од островот Паг во Хрватска.

Ќерката се разбудила пред три дена на одделението на интензивна нега во болницата Ребро во Загреб, каде и моментално се наоѓа. Комуницира со персоналот, а една од првите работи кои ги споменала била дека дома ја тепале, дознава 24часа.хр, а пренесува еспресо.рс.

Станува збор за девојчето кое е помеѓу четирите деца кои ги фрли од прозор таткото Јосип Роџак од островот Паг во Хрватска.

Како што информира споменатиот хрватски медиум, за физичкото малтертирање кое девојчето го доживувало дома и пред ужасниот настан, кога таткото ја фрлил од балконот, зборувала спонтано и доста отворено.

Поради ова, докторите во болницата биле шокирани.

Од болницата за хрватските медиуми пренесуваат дека здравствената состојба на девојчето е подобрена, успешно се опоравува и во вторник би требало да биде префрлена во друго одделение.

Според овие информации, девојчето во болницата постојано зборувало дека сака да оди дома и да ја види мајка си.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде