Сара Ристевски повторно застана на страната на нејзиниот татко Борче Ристевски, зборувајќи за загубата и за маките кои ги претрпела по убиството на сопругата Карен која потоа ја фрли во грмушки.

Како што пишува весникот „Аустралиан“, Сара зборува дека нејзиниот татко Борче бил добар татко и дека се соочил со ужас по делото.

– По чинот на насилство, мојот татко се соочи со губење на работата, на почитта во заедницата и на долгорочни пријателства. Ваквите околности ме оставија без обата родители. Знам дека не можам да сторам ништо за да го сменам тоа, но можам да се обидам да ја кажам вистината за тоа колку добар татко и сопруг беше за мене и за мојата мајка, вели девојката за весникот во Австралија каде се случи грозоморното убиство, пренесе Нова македонија.

Сара зборуваше како доаѓало до караниците помеѓу Борче и Карен, дури и поради излегувањето до продавница, посочувајќи дека „нејзиниот татко секогаш се обидувал да ја смири ситуацијата“, но не успевал.

Признавајќи го убиството, Ристевски избегна доживотна затворска казна. Максималната казна за убиство без умисла изнесува 20 години, но правните експерти сугерираат оти тој би можел да добие поблага казна.

Инаку, најчудното во приказната е што Борче се појави на погребот на Карен откако и го најдоа телото, плачеше и кукаше.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде