За 60- годишната З.Ш од Кичево денеска беше поднесена кривична пријава од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Како што соопштуваат од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево З.Ш во периодот од 06.09.2011 година до јуни 2018 година, односно цели седум години не ја пријавила смртта на својата мајка Ј.К. пред надлежните служби, како би продолжила да ја зема нејзината пензија.

За тој период од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на сметката на нејзината почината мајка Ј.К. биле исплатени дури 1.655.700 денари.

Пријавената З.Ш до сега од банкомати во Кичево, Охрид и Струга, од дебитната картичка на Ј.К. подигнала 729.500 денари при што нанела штета на Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија“ стои во извештај од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде