До средината на мај автопатот Миладиновци – Штип нема да биде пуштен за употреба.

Ова денеска го потврди директорот на ЈП за државни патишта кој информираше дека причината за одложувањето на патот по кој за пократок временски период ќе се стигнува до Штип се пристапните патишта кои не биле предвидени а се важни за околните места.

Според Зоран Китанов безбедноста на граѓаните е на прво место па затоа немало да се брза со пуштањето на автопатот.

Јавноста досега реагираше многупати поради информациите кои се појавуваа, според кои досега автопатот требаше да биде пуштен за сообраќај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде