Испливаа нови детали за ликвидацијата на двајца црногорски државјани во Германија.

Дарко Мијовиќ од Цетиње и Никола Јовановиќ од Бар се убиени во понеделникот утрината, а нивниот пријател, Милош Весковиќ инаку српски државјанин, тешко е повреден.

Со нив бил во станот и Милош Павиќевиќ, кој останал неповреден.

Новите информации за кои информираат црногорските медиуми укажуваат на шокантен пресврт.

Црногорците Дарко и Никола имено се убиле меѓусебно, покажуваат првите резултати на германската полиција. Во општиот хаос тешки бил ранет српскиот државјанин Милош, а инспекторите трагаат по уште еден Црногорец и Хрват.

Тешко ранетиот Весковиќ бил префрлен со хеликоптер во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Засега не е познат мотивот на пресметката.

Се уште исто така не е познато кој на чија страна бил за време на меѓусебната пресметка на Дарко и Никола.

Првобитно беше објавено дека Мијовиќ и Јовановиќ настрадале која непознати лица со фантомки на главите упаднале во станот и почнале да пукаат со автоматско оружје. Мијовиќ и Јовановиќ се убиени со куршуми во глава, а Весковиќ иако тешко ранет успеал да се одвлече до соседната куќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде