Украинскиот боксер Владимир Кличко, поранешниот светски шампион во тешка категорија, пред две години ја заврши својата кариера.

Својата 21 години долга кариера ја почна со триумф на Олимписките игри во 1996 година во Атланта, а ја заврши со пораз од Ентони Џошуа во 2017 година.

Светските медиуми со денови шпекулираат дека Кличко ќе се врати во рингот, а 43-годишниот боксер и понатаму редовно тренира. Покрај тоа, американските медиуми пишуваат дека спаринг партнерите на Кличко потврдиле дека боксерот е во одлична форма.

Неодамна се појави информација дека „ДАЗН“ подготвува договор за Украинецот од 60 милиони фунти за враќање од пензија. Наводно, тие сакаат договор за борба меѓу Кличко и Деонтај Вајлдер.

Сепак, Украинецот не реагираше по шпекулациите за враќањето во рингот, па се очекуваат повеќе информации наскоро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде