Јирген Клоп имаше урнебесен и навистина оригинален коментар за случувањата на големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул кое се одигра на „Олд Трафорд, но покрај зборовите кои му ги испрати на Оле Гунар Солскјер, германскиот стручњак беше посебно интересен за медиумите и поради една ситуација од 72-та минута.

Менаџерот на Ливерпул одлучи да го извади Џордан Хендерсон и во игра го вметна Џердан Шаќири, измена по која следеше една помалку тензична конверзацијата меѓу Клоп и капитенот на Ливерпул. Популарниот Хендо изреагира премногу ладно и нервозно кога го напушти теренот, а тоа експресно му засмета на Клоп кој го стигна играчот за врска, а според англиските медиуми го опоменал со зборовите „не ми подаде рака“….

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде