Министерот за култура, Асаф Адеми, можно е да ја напушти функцијата, а како причина се споменува неговата здравствена состојба. Министерот веќе втора седмица користи боледување и не доаѓа на работа.

Неофицијално, три имиња сега се вртат во круговите на владеачката СДСМ:  Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми. Се очекува новиот министер за култура да биде познат по завршување на претседателските избори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде