По се изгледа Штип е единствениот град каде претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски многу – многу не се замараат со овој град, па така е оставено се во рацете на шурата на советникот на Заев – Маричиќ кој секојдневно се заедно, или поточно кажано „екс“ претседателот на ОО СДСМ Штип Никола Тушев – Баче попознат во Штип како (менаџер по кафеани) и лик кој што партијата ја сведе на куп кавги, подделби, се самоназначуваше во управни и надзорни одбори, и насекаде да го има, така и со последната одлука за нов претседател на ОО СДСМ Штип не веруваме дека одлуката е од високо ниво туку е оставено да одлучат шурата на Бојан Маричиќ – Никола Тушев инаку брат на екс пратеничката Маринела Тушева, сега сопруга на Маричиќ.

Оваа двојка Тушев и Бочварски кој имаме пишувано неколку пати за нив, ДЕФИНИТИВНО ОО СДСМ Штип го сведоа на приватно ДООЕЛ друштво отколку на ОО на политичка партија на власт. Си поставија претседател кој истиот немаше ни поим дека ќе биде, човек со партиско CV но не и со некој си афторитет во градот под исарот.

НАПОМЕНА: Александар Кангалов (секоја ти чест немаме ништо против тебе), но користењето како пиун на двоецот Тушев – Бочварски искористувајќи го скопскиот зет Маричиќ си прават во Штип што ќе посакаат. Па така пред некој ден кога се соопштија имињата на новите претседатели на неколку Фејсбук страни од Штип имаше и вакви коментари и постови:

Да не знае човек дал да се смее или да плаче. Победничкиот тренд со Никола Тушев го продолжуваме со новиот претседател Александар Кангалов?!

Почитуван Трајче Стојчевски, кој ли ти го пишуваше постот живти кариера? Кој „победнички тренд“ бре дете со Тушев го имате со ДВЕ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ изгубивте претседателски избори во Штип да ни збореш за „победнички тренд“.

Дополнително онака од прва рака Прес Центар дознава дека веќе се знае и името на новиот секретар на ОО СДСМ Штип, исто така „дете/девојка“ со партиска кариера и исто човек на оваа двојка која си ја нарекуваме БЕЛОКОШУЉАЦИ – Тушев – Бочварски. За нов секретар по нашите информации ја местат Маријана Рогожарска Поповска која беше во кабинетот на Бочварски.

И за крај….

Вчера СДСМ Штип се здружија во криминалите на екс градоначалникот  Илчо Захариев и ДПМНЕ со продажба на Брегалница. Истите го местат Кирил Гогов сопственик на маркети Кит-Го, ама не му кажуваат дека Брегалница на државата односно УЈП должи 270.000 евра.

Драги деца, памет во глава, секоја работа се дознава, па и оваа Вашата. Незадоволството врие, нам ни го испраќаат секојдневно повеќето старото членство на СДСМ оние кои 11 години беа во ОПОЗИЦИЈА, велат дека сеуште се чуствуваат исто. Направете ПРОМЕНИ а не само смена на улоги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде