Тврдиот Атлетико Мадрид вечерва гостува кај Јувентус во обид да ја одбрани предноста од два гола стекната на првиот меч на „Ванда Метрополитано“. Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на „старата дама“, верува дека пресвртот е возможен и очекува неговиот тим да одигра натпревар кој ќе се памети уште долги години.

Во игра на денешниот натпревар е пласман во четвртфиналето, а и финансискиот дел не треба да се занемарува. Огромна сума на пари ќе загуби екипата на Масимилијано Алегри при евентуална елиминација во оваа фаза од Лигата на шампионите.

Италијанскиот шампион ќе испушти скоро 50 милиони евра доколку не успее да го направи посакуваниот пресврт. Земајќи ги предвид бонусите на УЕФА, ТВ правата, влезниците и парите од спонзорите, Јуве оваа сезона ќе инкасира „само“ 78,5 милиони.

Натпреварот започнува во 21:00 часот, а правдата ќе ја дели Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде