Некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон и некогашната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт се во посета на Приштина по повод одбележувањето на 20 годишнината од влезот на НАТО силите на територијата на Косово.

Олбрајт, вчера на аеродромот во Косово била пречекана од Атифета Јахјага, а како што пренесуваат косовските медиуми, денеска ќе биде откриена и бистата на некогашната државна секретарка на САД.

Откако во медиумите се појави фотографија од бистата на Медлин Олбрајт, на социјалните мрежи се појавија бројни коментари според кои, бистата на Олбрајт личи со онаа на Јосип Броз Тито.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде