По Албанија, и Косово го забранува коцкањето со усвоен нацрт-закон со кој се забрануваат сите игри на среќа во следните десет години.

Владата во Приштина ги допушта само игрите на среќа организирани од државната лотарија на Косово.

Се очекува да биде усвоен од Собранието и да стапи во сила 15 дена по објавувањето во Службениот весник на Косово.

Активностите на коцкање и обложување веќе се прекинати со усвоена Резолуцијата од страна на мнозинство пратеници во косовскиот законодавен дом.

Ваквата реакција ја поттикна и неодамнешните две убиства во коцкарници во Липљан и Сува Река, а во акцијата 35 објекти беа затворени како илегални.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде