Жителите на гратчето Фер Хејвен на североистокот на САД избрале оваа недела за градоначалник коза кој ги има сите политички предиспозиции, затоа што се вика Линколн.

Тригодишната коза со долги бели уши, победила на гласањето меѓу 15 кандидати, како што се глодарот Кристал како и бројни кучиња и мачки, наведуваат локалните власти.

Гратчето со околу 2.500 жители нема официјално градоначалник, туку т.н. градски менаџер Џозеф Гантер.

Гантер дошол на идеја да организира гласање од ваков тип, а целта е собраните пари за гласањето да бидат употребени за изградба на игралишта.

Така Линколн, козата професор по математика, освоила 13 гласови. Таа за влакно ја украла победата на кучката Сами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде