Пејачот последен пат и лајкувал слика на 20 јануари, а таа негова на 20 февруари.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас го прекинаа своето пријателство, после 20 години.

Како што дознава Курир.рс, фолк ѕвездата и Лукас се оддалечиле на почетокот од оваа година, а доказ поради тоа е што престанале да се следат на нивните профили на Инстаграм.

Цеца и Лукас се почитуваа како брат и сестра сите овие години од нивното пријателство. Во најдобрите и најлошите моменти тие беа тука еден за друг. Не постоеја родендени, слави и генерално на сите свечености каде не се посетуваа еден со друг, изјавуваат блиски пријатели на Цеца.

Нивните деца се дружеа од мали и се почитуваа. На почетокот од декември тие престанале да се слушаат на телефон, а немало ни прилики да се сретнат на нивните снимања.

Со месеци не се гледаа на заедничките дружења, на кои требало да се сретнат.

На нивните заеднички пријатели многу им е чудно, бидејќи Цеца и Лукас секогаш имале најубави зборови за себе, и важеле меѓу најдобрите пријатели на српската естрада.

Цеца повеќе пати зборуваше како ништо на светот не може да го наруши нивното долгогодишно пријателство, но по се изгледа дека решиле да стават крај на другарувањето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде