Алесандро Краљ, голманот на ватерполо клубот на Црвена Звезда денеска на прес конференција раскажа детали за саботниот напад во Сплит, вели едвај се спасив, ако не се фрлив во морето веројатно ке имаше тешки последици.

„Ме удираа со дланките, во целиот хаос ми се скина јакната и останав со тренерката од клубот, со амблем на Црвена Звезда, тогаш напаѓачите се фокусираа на мене. Тргнаа кон мене со палки и ножеви, рекоа дека ќе убијат четник…Почнав да бегам, во еден момент видов дека еден од групата тргна кон мене со нож, добив посекотина на ногата, немаше друго решение, за да се спасам се фрлив во морето и мислев дека е крај на хаосот. Потоа почнаа да фрлаат камења по мене, по неколку минути , хулиганите избегаа“ изјави Краљ.

Голманот на Црвена Звезда потенцираше дека бил многу разочаран од луѓето кои се насобрале и извикувале „убиј го четникот“, тој додаде дека им се обратил на насобраните дека е само спортист , ватерполист…Потоа дошла сплитската полиција и бил спасен, Краљ им се заблагодари на полицајците за помошта и професионалниот однос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде