На олтарот на жупаниската црква Светиот крст во Водице поставен е крст со крвави фетуси.

Во крстот беа издлабени пет дупки во облик на срце, а во секое срце поставени се крвави кукли кои ги претставуваат фетусите, пробиени со клинци, објави хрватскиот сајт 24Сата, додавајќи дека знамето на Хрватска било поставено заедно со крстот.

Фотографијата многу брзо се рашири преку социјалните мрежи и на неа се гледа дека на врвот на крстот е напишана реченица од Книгата на постанокот „Нивната крв од земјата кон мене извикува”.

Новинарите на сајтот го повикаа жупанот на црквата, Фрањо Гласновиќ, и побараа од него да коментира, но тој рече дека „дека е време на пост, и нема да коментира ништо”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде