Пејачот и композитор, Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата.

Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизијата, додека на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова – Спасовски, дознава Прес Центар.

Арсова е долгогодишен новинар заедно со нејзиниот сопруг Александар, каде почна како репортер на терен, па пред неколку години стана уредник, за сега да застане на чело на информативната програма. За нејзин заменик се претпоставува дека ќе биде Иван Кузмановски. Инаку Арсова и нејзиниот сопруг се сопственици и на неколку портали, меѓу кои Мaxim.mk и Press24.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде