Македонија има победа и реми, односно три бода од двомечот со Исланд и е пред промоција во патник за ЕП 2020. Нашите ракометари не победија во Скопје, но одново се бореа до крај и ги заслужија сите аплаузи.

Сепак по мечот атмосферата не беше позитивна, напротив, репрезентативците не се израдуваа, а капитенот Кирил Лазаров ги искритикува за тоа.

„Малку ми е жал што не знаеме да прославиме. Благодарност до публиката која дојде во голем број и покажа голем интерес за натпреварот. Човек треба да знае да процени и да се израдува. Ние не се израдувавме, но нека легнат импресиите ќе се израдуваме утре, не само ние туку и целата македонска спортска јавност на која сме и благодарни затоа што не ценат и почитуваат. Има интерес, па макар некогаш и негативен, тоа значи дека таа репрезентација, селекција, вреди…“, истакна Лазаров по мечот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде