Докторот Никола Пановски ќе биде кандидатот за претседател на Македонија на ЛДП, но само доколку коалициониот партнер на владеачкото мнозинтвсо одлучи да оди самостојно на претседателските избори.

Ваква акламативна одлука донесе партијата на Централниот одбор, доколку не го поддржи концептот за консензуален кандидат, или пак изборот на СДСМ. Конечната одлука ќе биде донесена за една недела.

„Доколку настапи самостојно, ЛДП преку својот кандидат нуди решение кое со својот интегритет, професионалност, чесност и искуство поткрепено со меѓународното влијание на ЛДП во европски и светски рамки ќе биде достоен претставик на сите граѓани на Македонија“, велат од ЛДП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде