Специјалната обвинителка Ленче Ристоска е избрана за прв обвинител за врски со Македонија во Единицата за судска соработка на ЕУ, Еуроџаст (Eurojust).

Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.

Од 2008 година, Еуроџаст воспостави посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан.

„Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде