Како што пренесува Star.gr, деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес, Егејска Македонија со содржина која повикува на автономија на Егејска Македонија во Грција.

Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за автономија на Македонија.

Веста за летоците прв ја објави весникот Илинден на Македонците во Албанија.

Точниот број на лицата што се декларираат себеси како етнички Македонци не е познат, бидејќи при спроведувањето на пописите, не постои графа за националност со наслов Македонци.

Според повеќе изјави на раководителите на македонската партија виножито на чело со, бројката на Македонците во Грција се движи до 400.000 луѓе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде