Во фудбалот кога е во прашање битка за титула, знаат да се случат многу чудни работи и изјави.

Таков е случајот со некогашниот играч на Ливерпул и денешен спортски аналитичар на Скај Спорт, Грем Сунес, човекот кој несомнено „не го може“ Манчестер Јунајтед, но сега од нив бара услуга.

Ливерпул вчера не успеа да победи во градското дерби кај Евертон, а со тоа лидерската позиција им ја препушти на Сити, кои за неколку кола гостуваат на Олд Трафорд.

Поврзано со тоа, Грем Сунес сега бара Јунајтед да се обиде да ги победи на Олд Трафорд, за да може Ливерпул повторно да се врати на челната позиција.

„Има уште многу за игра, во оптек се 27 бодови, се надевам дека Јунајтед ќе ни направи голема услуга во дербито со Сити“, порача Сунес, што алудираше директно дека ќе навива за нив против Сити, а во спротивно тие повторно со победа тоа исто коло против друг противник, да ја вратат челната позиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде