Убедлива победа на Вардар против европскиот првак Монпеље од 33-27

Со што црвено-црните завршија на третото место на табелата откако Веспрем славеше кај Кјелце.

Победата на Македонскиот првак сепак беше недоволна да се освои второто место откако Веспрем славеше кај Кјелце па противник во осминафиналето на Вардар  најверојатно ќе му биде екипата на Загреб.

Што се однесува до мечот со Монпеље Вардар бодрен од своите фанови стартуваше фуриозно и поведе со 7-0. Сепак до крајот на првиот дел Французите се созедоа и на пауза се замина со резултат 16-13. Во вториот дел Монпеље го напаѓаше водството но црвено-црните  не потклекнаа а кога противникот се замори се одлепија повторно на  комотни  6  гола разлика што на крајот донесе значајна победа од  33-27. Кристопанс со 7 и Карачиќ со 6 погодоци беа најефикасни во вардаровиот тим.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде