Ливерпул успеа да го победи Тотенхем со 2:1 во 32. коло на Премиер лигата во бизарна завршница на мечот и ги одржи надежите за шампионската титула. „Црвените“ беа на прагот да изгубат два бода во дуелот со лондончани, но благодарение на автогол на Алдервејрелд во 91. минута ги освоија сите три бода.

Мечот добро тргна за Ливерпул, во 16. минута поведе. Робертсон нафрли, а Фирмино со глава ја затресе мрежата на Тотенхем. Потоа следуваше супер шанса за Мане кој не успеа да погоди. И се беше така идилично за „Црвените“ се до 70. минута кога Ериксен уфрли, а Лукас Моура даде гол за 1:1.

Резултат кој испрати сигнал за Ливерпул дека мора да тргне во тотална офанзива барајќи победа. Комплетната офанзива на „Црвените“ на голот на Тотенхем вроди со плод во 91 минута. Салах шутираше со глава, топката удри во ногата на Алдервејрелд и заврши во голот.

Ливерпул има 79 бода по 32 натпревари, а Сити е втор со 77 но има 31 одигран меч.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде