Словенечката кошаркарска сензација Лука Дончиќ стигна до седмиот трипл-дабл оваа сезона откако одигра фантастичен меч против Сакраменто, додека пак Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок му донесе триумф на Денвер против Детроит.

Маверикси синоќа загубија од Сакраменто Кингс со 121:125 на домашен терен и покрај новата одлична партија на Лука Дончиќ. Младиот словенечки кошаркар мечот го заврши со 28 поени, 12 скокови и 12 асистенции.Со ова тој дојде до својот седми трипл-дабл оваа сезона со што го израмни рекордот на легендарниот Меџик Џонсон, кој исто така забележал седум трипл-дабл учиноци во својата дебитантска сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде