Стотина мачки од различни видови слободно си шетаат во Хоутонг, малечко место на Тајван. Љубителите на животни доаѓаат од целиот свет да ги фотографираат, да ги хранат и да си играат со нив.

Селото некогаш важело за една од најважните рударски заедници на Тајван, а денес е познато како село на мачки. На почетокот на 20 век селото било најголем и технолошки најнапреден рударски центар на Тајван. Но, во моментот кога електричната енергија и нафта биле заменети со јаглен илјадници работници останале без работа, а во потрага по работа и подобар живот го напуштиле ова место. Бројот на жители од 6.000 се намалил на стотина, а набргу селото било заборавено.

Сè се променило во 2010 година кога еден фотограф, љубител на мачки, почнал да пишува блогови за растечкиот број на мачки во селото. И така е создаден рајот за љубителите на мачки, а селото почнало да добива приходи од туристите кои секоја година доаѓаат да се фотографираат со нив. Станува збор за милион туристи кои го посетуваат селото секоја година. Локалните жители на себе ја презеле грижата за мачките.

Тажната страна на приказната е што луѓето кои ги напуштаат милениците ги носат во селото со надеж дека селаните ќе се грижат за нив. Селото е дом на 286 мачки, а за нивното здравје и вакцинирање се грижат ветеринари кои волонтираат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде