Српските власти денеска соопштија дека Мадагаскар на 5. декември донела одлука за повлекување на признавањето на Косово, со што стана 12-та земја која што се одлучи на овој чекор.

Островската земја на истокот од Африка се одлучи да ја повлече независноста на Косово која ја призна во ноември 2017 година.

Претходно признавањето на независноста на Косово го повлекоа Коморските Острови, Гренада, Доминика, Суринам, Либерија, Сао Томе и Принципе, Гвинеја Бисао, Бурунди, Папуа Нова Гвинеја, Лесото и Соломонските Острови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде