29-годишен македонски државјанин починал како последица на жестока тепачка која се случила во австриската провинција Регау, во градот Веклабрук, соопшти австриската полиција, а пренесе порталот Лаумат.

Засега не е откриен идентитетот на Македонецот, а починал во болница, поради тешките повреди од тепачката. Неколку лица биле повредени и биле пренесени во болница.

„ Уште девет лица биле вклучени во тепачката и истите ќе бидат приведени. Телото на починатиот е предадено на аутопсија, која треба да ги открие причините за смртта“, соопштуваат од обвинителството, пренесе „Лаумат“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде