На Ален Амедовски или „Македонскиот тигар” како што го нарекуваат, му беа потребни само 12 секунди да го нокаутира Французинот Ибрахим Мане (7-2) на настанот Белатор Џенова во Италија.

Ова за Амедовски беше осма победа во исто толку мечеви во својата досегашна кариера во ММА, во категоријата до 84 килограми.

Македонскиот „Тигар” тргна со серија од неколку крошеа со што го покоси Мане со технички нокаут за само 12 секунди.

Ален како и секогаш, и после оваа борба прослави со гордо кренато македонско знаме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде