Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел доколку би сакала да стане претседател на Европската комисија.

„Ако сака да биде претседател на ЕК, ќе ја поддржам. Пред сѐ, бидејќи мислам дека нам ни е потребен некој силен. На Европа ѝ требаат нови лица, така што имаме потреба од личност што тоа знае да го реализира“, изјави Макрон.

Тој додаде дека на челните функции на ЕУ треба рамноправно да бидат застапени и мажите и жените.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде