Мажот кој носеше наполнет пиштол во торба со пелени случајно се застрела себеси и својата ќерка додека ѝ ги менувал пелените, објави „Си-ен-ен“.

Инцидентот се случи во саботата попладне во близина на пицеријата Чак Е. Чисис во предградие на Бирмингем, Алабама.

Таткото, чиј идентитет сè уште не е познат за јавноста, се наоѓал на задното седиште на возилото и ги менувал пелените на својата ќерка кога пукнал пиштолот кој се наожал во торба со пелени. Се чини дека несреќата се случила кога таткото посегнал по пелените во торбата која била на подот на автомобилот или кога поради некоја друга причина ја подигнал торбата.

Откако пиштолот пукнал, куршумот поминал низ ногата на таткото, потоа преку ногата на бебето, по што завршил во градите на таткото. Бебето е стабилно и ќе закрепне, но таткото е во сериозна состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде