Еден од најпознатите борци во светот Конор Мекгрегор утринава сензционално објави дека ја напушта ММА.

Последните месеци тој беше суспендиран поради немилите настани по борбата со Хабиб Нурмагомедов, но до крајот на суспензијата му остануваше уште помалку од еден месец.

„Дечки, само кратко соопштение. Одлучив да се откажам од ММА, им посакувам на сите мои колеги многу среќа во тоа натпреварување“, напиша Мекгрегор на Твитер.

Во оваа конкуренција Ирецот имаше 25 борби со 21 победа од кои 18 со нокаут. Ќе остане запишан како еден од најуспешните во историјата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде