Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во блиска иднина Мексико ќе објави договор со Вашингтон како дел од нивниот миграциски договор, пренесува „Хил“. Трамп на „Твитер“ повеќепати ги прекори демократите дека не придонесуваат за безбедноста на јужната граница на САД.

„Тажно е кога ќе помислите, но Мексико во моментот прави повеќе за САД на границата отколку демократите во Конгресот,“ напиша Трамп.

Минатата недела САД и Мексико издадоа заедничка билатерална декларација за мерки за намалување на протокот на нелегални мигранти преку границата меѓу САД и Мексико.

Мексико се согласи да ја испрати својата Национална гарда на јужната граница и да преземе чекори за да го спречи шверцот со луѓе. САД, од своја страна, ќе ги вратат барателите на азил кои се обидуваат да ја преминат границата во Мексико, каде што ќе останат додека се решаваат нивните случаи.

Т.н. „Миграциски караван” од Централна Америка почна да се пробива до САД преку Мексико есента 2018 година. Во февруари, Трамп прогласи национална вонредна состојба поради ситуацијата на мигрантите за да се соберат средства за изградба напограничниот ѕид

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде