Ангела Меркел, германската канцеларка покрена дипломатска офанзива за да ја натера Приштина да ги укине таксите за увоз на производи од Србија и БиХ.

Таа на властите им поставила јасни рокови за укинување на таксите, пренесуваат српските медиуми.

Советниците на меркел ги пренеле нејзините барања и зборови директно на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај во текот на состанокот во Приштина.

Харадинај претходно даде изјава: – „Јас им верувам на Американците и кога тие велат дека ова е формулата, јас им верувам. Ние бараме договор за да знаеме каде оди дијалогот. Дијалогот го блокираше Белград, бидејќи велат дека нема дијалог без укинување на царините. Не го блокиравме ние. Ние бевме во дијалогот знаејќи дека сме жртвите и имаме илјадници исчезнати и жртви“, кажа Харадинај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде