Најдобриот стрелец и асистент во Лигата на шампионите Лео Меси  се осврна на подвигот на Јувентус, кој го елиминира Атлетико Мадрид и покрај двојната предност на „јорганџиите“.

„Настапот на Јуве и на Кристијано беше фантастичен. Иако Атлетико Мадрид беше фаворит по предноста од првиот натпревар и заради тоа што се физички моќни, Јуве ги „прегази“. Сега нема повеќе слаби екипи и сеедно е против кој ривал ќе играме“, истакна Меси.

Теоретски гледано Меси и Роналдо можеме да ги видиме еден против друг до крајот на Лигата на шампионите ако ждрепката до крајот на Лигата на шампионите ги соедини во еден или два натпревари. Ако досега играа еден против друг во „Ел Класико“ и во дуелот Барселона – Манчестер Јунајтед, сега постои можност за нивни дуел во натпревар Барселона – Јувентус.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде