Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности, се наоѓа доказна постапка. На претходното рочиштето беа изведувани материјални докази. Обвинителката Лиле Стефановска посочи дека има околу 5.900 материјални докази.

Судијата Осман Шабани на минатото рочиште констатираше дека бил известен од адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, дека го откажуваат полномошното за негово застапување во постапката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде