Основното јавно обвинителство во обвинителниот предлог побара да се продолжи притворот за Милан Здравковиќ, поради опасност од бекство, но со решение од судот, притворот е продолжен поради можно влијание на несослушани сведоци.

Милан е возачот на автобусот на „Ниш експрес“ во кој на 21. декември после судирот со воз настрадаа 7 лица, а повредени се 29 патници.

„Причината за продолжување на притворот е тоа што се уште има несослушани сведоци и  оштетени од автобусот. Поради тоа постои сомнение дека обвинетиот би можел да влијае врз кривичната постапка, ако се најде на слобода, односно да влијае врз несослушаните сведоци и оштетените – потврдил портпаролот на Основниот суд во Ниш, Владимир Ракоњац.

Милан тоа кобно утро со автобус се движел кон Ниш, на редовната автобуска линија Ново село – Ниш, превезувајќи ученици и вработени од околните села, но пред доаѓањето на пружниот премин направил кобен пропуст, бидејќи не застанал да види дали надоаѓа воз.

Кога автобусот веќе бил на шините, а птниците почнале да врескаат, веќе било предоцна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде