Планот за уривање на едно од најлендарните спортски зданија во Европа, миланскиот „Сан Сиро“ ја подели јавноста во Италија, а особено граѓаните на Милано. Фудбалските клубови Милан и Интер се договориле околу уривањето на стадионот изграден во далечната 1926 година, но „побуната“ на граѓаните на Милано може да го одложи реализирањето на овој план.

Италијанските медиуми велат дека оваа клупска одлука ќе мора да се стави на референдум, па граѓаните сами да одлучат за судбината на легендарниот објект. Инаку, плановите на Милан и Интер е на местото на сегашниот стадион да се изгради нов, кој ќе има капацитет не поголем од 60.000 места. Планот предвидува стадион со подвижен покрив, но и подвижен терен кој ќе може да се поместува за време на концерти или други манифестации.

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, вчера рече дека не очекувал дека ќе дојде до какви било пречки за реализација на планот, но преставникот на партијата „Форца Италија“ потврди дека почнува во трка за собирање 15.000 потписи за распишување референдум по ова прашање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде