Најпознатиот адвокат на Балканот, Тома Фила, кој има македонско потекло открива детали од апсењето на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ во неговата вила пред да биде испорачан во Хаг.

Според Фила, Милошевиќ бил продаден за сума од 10 до 20 милиони евра и оти таа сума сигурно е исплатена но не се знае во чии џебови завршиле парите.

Според Фила, Коштуница и Ѓинѓиќ потишале изјава дека Милошевиќ нема да биде испорачан во Хаг, а гаранцијата ја потпишал Чедо Јовановиќ.

Дали е во ред ова Томо, го прашал Милошевиќ својот адвокат. Ова ти вреди само за ноќва му објаснил Фила на Слобо.

Така и било, неколку месеци по апсењето Милошевиќ беше испорачан во Хаг каде и почина пред да биде изречена пресудата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде