Хрватската министерка Габриела Жалац која со невалидна возачка дозвола во саботата удри со автомобил во девојче во Винковци, му подари бројаница.

Бројаницата ѝ ја подари при излегувањето од болница каде што ја посети, пишуваат од „Јутарњи лист“.

Жалац удри во детето во саботата околу 10 часот наутро, и иако првично полиција соопшти дека девојчето го преминувало патот надвор од обележениот пешачки премин, многу брзо се откри дека во близина и не постои пешачки премин.

Подарувајќи ја бројаницата на министерката не ѝ е првпат вниманието од несреќата и од сопствената одговорност – со оглед на тоа што со невалидна возачка дозвола таа воопшто не требала да седне зад воланот на автомобилот – да го сврти во верските води.

Во својата прва реакција на несреќата Жалац му се заблагодари на „драгиот Бог” дека „нејзината мала сосетка закрепнува”.

Вчера таа со солзи во очите призна дека нејзината возачка дозвола не е валидна од јуни 2016 година, и дека вози само за време на викендите, но лесно може да се пресмета дека, откако ѝ е истечена дозволата, тоа се вкупно 137 викенди. Таа, исто така, низ солзи рече дека му понудила оставка на премиерот Пленковиќ, но не и дека ја поднела.

Подоцна Пленковиќ рече дека ја одбива оставката на Жалац, и дека таа останува министерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде