Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напиша потресна порака за ненадејната смрт на актерката и екс градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец !

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со потресна порака се прости од Билјана Беличанец, актерка и екс градоначалничка на Кисела Вода, која вчера вечер беше пронајдена обесена во нејзиниот стан во Скопје.

Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат.
Почивај во мир Билјана, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Освен Мицкоски, од Беличанец на социјалните мрежи се прости и кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф Гордана Силјановска Давкова.

Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смртта не била судбина…
Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност. Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија.
Нека почива во мир.

Телото на Билјана Беличанец (45) е предадено на обдукција.“.

Oд таму велат дека синоќа бил извршен увид oд дежурен јавен обвинител, увидни екипи на МВР и двајца обдуценти.
Безживотното тело на актерката е пронајдено во нејзиниот стан поточно во бањата.
Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.

Од Беличанец се простија и нејзините колеги од Драмскиот театар и сите фанови кои го почитуваа нејзиниот лик и дело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде