Дивеењето на Мерко е последица на лошата и хазардерска политика на владата да им ги помири долговите на општините.
Еј, да се офира некој овака со коли и чалам и тоа во момент кога јавноста е веќе надркана за пожарите и горењето на трската.
Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува.
Значи вие ни се смеете во фаца, ни ја трљате мизеријава од глава и ни се церекате.
Заев беше ли во Охрид вчера, виде ли нешто, нотира ли овој лик нешто освен својата херојска аура, о премиер–нобеловец.
Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!

ФБ Стастус на Ивор Мицковски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде