Реал Мадрид со доаѓањето на Зинедин Зидан, сигурно ќе се реновира и проширува со неколку големи имиња ова лето.

Клучното прашање кое се поставува ќе биде дали Зидан ќе реши да се ослободи од Модриќ и Бејл, играчи за кои веќе на големо се шпекулира дека размислуваат за други клубови.

За Модриќ се веруваше дека минатото лето ќе се пресели во Интер, но до реализација на тоа не дојде.

Сега се наметнува прашањето дали Тотенхем кој претходно ги продаде овие играчи на Реал, може да ги врати во своите редови и да се обидат конечно и сериозно да ја нападнат шампионската титула.

Поранешниот ас на Тотенхем, Клив Ален токму тоа го посочи, дека клубот треба да вложи сериозни напори за да ги врати овие двајца играчи.

„Зошто Тотенхем ова лето не би можел да го врати Бејл? Тој е играч со искуство, вистински победник и неверојатен талент. Исто така и Модриќ би можеле да го вратат, Тотенхем работеше со овие двајца, тие беа нивни играчи, кои доколку дојдат, ќе биде многу интересно во Премиерлигата“, истакна Клив.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде