Солун помина низ напната ноќ кон неделата откако кога десетици маскирани напаѓачи ја нападнаа полицијата што го чувала турскиот конзулат во градот со молотови коктели. Полицајците одговориле со солзавец и со шок-бомби, пренесува РТ.

Насилствата избувнале по стемнување во саботата, кога околу 50 мажи, кои грчките медиуми ги опишаа како анархисти, ја нападнале полицијата.

Десетици молотови коктели биле фрлени пред полицајците да ги натераат напаѓачите да се повлечат. Имало полициска потера, но немало апсења. Сторителите се сокриле во кампусот на локалниот универзитет „Аристотел“, кој е надвор од овластувањата на полицијата.

Во саботата, најмалку 40 маскирани мажи нападнале полициска станица во населбата Кукаки во Атина. Во нападот биле фрлени и молотови коктели кои го оштетиле влезот во префектурата, две паркирани полициски возила и блиската пекара. Нападот бил прекинат, по што полицијата уапсила 10 лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде